Ањели му испрати порака на Роналдо и стави до знаење како функционираат работите во Јувентус (Фото)

kris-mestalla

Кристијано Роналдо стана топ тема во светската спортска јавност во изминативе два дена, а причина за тоа е неговото неславно деби во Лигата на шампионите како член на Јувентус.

На својот прв натпревар во најелитното натпреварување како играч на италијанскиот шампион, Португалецот доби директен црвен картон од страна на судијата Брих, а таквата одлука на Германецот ја подели јавноста. Едни сметаат дека Кристијано е престрого исклучен, додека други потенцираат дека Роналдо со неколку елементи му овозможи на Брих да му покаже црвен картон (фаќањето на Мурилјо за глава), но без разлика на спротивставените мислења, претседателот Андреа Ањели сега одлучи да му испрати една поучна порака на португалската ѕвезда.

Една од фотографиите кои станаа вирални по добиениот црвен картон на Кристијано беше онаа кога соигрчите го кренаа од земјата и го тешеа, а истата ја искористи претседателот Ањели за да стави јасно до знаење како функционираат работите во Јувентус.

– Еден за сите, сите за еден…,

Facebook Коментари