Поврзете се со нас

Свет

Ањели: Лага е дека ќе добиеме по 350 милиони евра, ние имаме една цел!

Објавено

на

Андреа Ањели како еден од основоположниците на Супер лигата е човекот кој заедно со Флорентино Перез наиде на најжестоки критики од јавноста, но сепак претседателот на Јувентус дури и беше навреден од страна на Александар Чеферин кој како прв човек на УЕФА го нарече Италијанецот „лажго“ и „змија“.

Првиот човек на Јуве верува дека Супер лигата ќе ја донесе потребната експанзија во фудбалот и дека ќе ги стабилизира најсилните европски клубови, па во интеврјуто кое ова утро го објави „Ла Република“, говори за проектот кој сега е на работ од бездната. Повеќе од веројатно, оваа изјава на Ањели доаѓа пред откажувањето на шесте англиски клуба, бидејќи тој за Супер лигата зборува како натпреварување кое е иднината на фудбалот.

– Ние имаме „крвен договор“ од страна на сите 12 учесници и продолжуваме со проектот. Сигурни сме дека ќе успееме во тоа што го намисливме и сигурни сме во успех на проектот. Не сакаме да создадеме натпреварување на богати, го сакаме најдоброто натпреварување со најдобра распределба на финансиите до сите клубови.

– Лага е дека ќе добиеме по 350 милиони евра бонус пред секоја сезона, за секоја година. Наша цел е да продолжиме во националните првенства и да продолжиме да играме на сите стадиони. Ние сакаме да останеме во националните лиги и Куповите.

– Мора да ги промениме работите во фудбалот, мора да излеземе од монополот на УЕФА, ова е спорт во кој треба да се има слобода. Веруваме во оваа иницијатива, веруваме дека ќе постигнеме огромен успех во краток временски интервал. Се што правиме е легално и никој не може да ни се заканува, – гласи изјавата на Ањели за Супер лигата, која во период од 48 часа се преполови по бројот на учесници и од 12, сега има само 6 клуба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни