Поврзете се со нас

Италија

Ањели го „поздрави“ Сари на промоцијата на Алегри

Објавено

на

Андреа Ањели денеска го имаше своето прво јавно обраќање по титулата која ја освои Италија на Европското првенство, па токму поради тоа, промоцијата на повратникот Масимилијано Алегри ја искористи да им честите на сите играчи, а особено на оние од Јувентус кои ја претставуваа нацијата во возбудливите 30-тина дена.

Претседателот на Јувентус ги именуваше претседателот Гравина и играчите Кјелини, Бонучи, Бернардески и Киеза, но потоа се осврна на иднината на неговиот Јувентус, а за која одново ќе одлучува успешниот Макс Алегри.

Италијанскиот стручњак се враќа на добро познато место по паузата која ја направи од фудбалската сцена, а во моменти кога му посака многу среќа во новата авантура, Ањели не пропушти да го „поздрави“ и Маурицио Сари кој изјави дека во Јувентус некои работи се сметале за однапред обезбедени во неговата една и единствена сезона во клубот.

– За жал, уште кога пристигнав, се мислеше дека Скудетото е веќе обезбедено. Таква беше атмосферата однадвор, но за жал и внатре во тимот. Го освоивме Скудетото и не го прославивме. По освоената титула, секој замина да слави посебно на посебна вечера и тоа не ми се допадна. Адекватен момент да го преземете Јувентус е овој сега, кога тимот го освои четвртото место на табелата, но сите го славеа тој успех, – изјави Сари неодамна, а Ањели одговори денеска.

– Тука во Јувентус се работи напорно секој ден за да се извојуваат победи. Не можеме да ги броиме победите пред време, секој оној кој мисли дека одредени трофеи биле ценети помалку, тој греши. Позади секој наш трофеј, стои посветеност, пожртвуваност и желба за победа. Макс има кажано во повеќе наврати: Не секој може да победува, победите не се за секого. Нова сезона е пред нас, наша цел е да бидеме компетитивни и во игра за секој трофеј во март, – изјави Ањели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни