Поврзете се со нас

Лига Европа

Анхелињо со страшен волеј погодок донесе славје за Лајпциг, Ајнтрахт ја доби првата битка со „чеканите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на РБ Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт издвојуваа победи на првите полуфинални пресметки против Ренџерс, односно Вест Хем во Лига Европа.

„Биковите“ важеа за големи фаворити во дуелот со шкотскиот шампион, но до позитивен резултат, славје од 1-0 дојдоа во самиот финиш кога дефанзивецот Анхелињо со еден мастреален волеј погодок ја затресе мрежата на МекГрегор.

Бундеслигашот Франкфурт пак по Барселона го освои Лондон и со предност од 2-1 ќе го дочека реваншот против „чеканите“.

Кнауф и Камада беа стрелци за гостите, додека единствениот погодок за четата на Мојс беше дело на Антонио во 21 минута.



Реклама
Реклама
Реклама

Популарни