Поврзете се со нас

Англија

Анхелињо со одличен волеј го урна „бункерот“ на Конте (Видео)

Објавено

на

Ремито на Интер значеше дека Наполи ќе може да му се одлепи на Интер како првопласиран на табелата, па иако плановите на Конте одеа идеално до самата завршница на „Олимпико“, лидерот на табелата сепак не успеа да го освои Рим.

Наполи поведе со голот на Спинацола во 29-та минута и во вториот дел се предодреди да го брани минималното водство, а иако тоа безброј пати вроди со уште некој гол и освоени три бода, овојпат „бункерот“ на Конте попушти во самата завршница.

Офанзивниот пристап на Клаудио Раниери беше награден во самата завршница, и тоа во моментите кога се чинеше дека Рома полека ги губи и сите идеи за гол во мрежата на Мерет.

Една акција од десната страна заврши со центаршут на Салемакерс и одличен волеј на Анхелињо со посилната лева нога, по што топката заврши на вистинско место.

Погодокот во 92-та минута донесе заслужено израмнување за Рома, па така ситуацијата на табелата останува статус-кво како пред оваа натпреварувачка рунда.

Наполи има три бода повеќе од Интер на табелата, но актуелниот шампион има еден натпревар помалку (54 наспроти 51).

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни