Поврзете се со нас

Италија

Анхелињо: Сакаме Раниери да остане…

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Рома имаше катастрофални резултати под водство на Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ, па искусниот Клаудио Раниери имаше задачата да го „гаси огнот“ на „Олимпико“, но не само што го изгаси туку и ја однесе екипата на едно друго ниво, па сега е во позиција дури и да се бори за местата кои водат во Лигата на шампионите во натпреварувачкаат 2024/2025.

Клубот од Рим победува, знае што сака на теренот, играчите се среќни и задоволни и истите дефинитивно посакуваат Раниери да остане и по крајот на тековнава сезона.

-Сите го сакаме, тој направи неверојатни работи за нас. Би биле среќни доколку остане. Кога бев во Манчестер Сити, не го гледав често Пеп Гвардиола на тренинзите, но сепак се чувствуваше неговата работа во тимот. Тоа повеќе го сфаќаш кога го менуваш клубот, учиш нешто од него, -истакна дефанзивецот Анхелињо.

Клаудиот во повеќе наврати има порачано дека не планира да го продолжи овој ангажман, но со оглед на тоа што од пензија и љубов се врати во Рома јасно е дека не може да се исклучи ниту едно сценарио.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни