Поврзете се со нас

Англија

Англиските медиуми откриваат: Нема проблем, Фоден се вратил во Англија поради убава вест

Објавено

на

Foto:x.com/England

Англиските медиуми неоечекувано соопштија дека Фил Фоден го напуштил репрезентативниот камп во Германија и итно се вратил во родната земја, а поради тоа што во прв момент не се откри за што станува збор, брзо на сцена стапија шпекулациите.

Дел од јавноста почна да пренесува дека Фоден има неодложен семеен проблем поради кој виси неговиот понатамошен настап на Европското првенство, но сега пристигна информација дека тој се вратил дома поради убава вест.

Познатиот телевизиски сервис „Би-Би-Си“ обелоденува дека Фоден се враќа дома со цел да го пречека на овој свет своето трето дете, кое ќе биде родено од неговата сопруга Ребека Кук.

Фоден добил неколку слободни дена од англиската асоцијација за да биде дел од убавиот сеемен момент, па во прв момент планирано е да се врати наврееме за осминафиналето на Европското првнество.

Англија засега се уште не знае со кого ќе вкрсти во осминафиналето, но познато е дека тој натпревеар ќе се одигра во недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни