Поврзете се со нас

Европски првенства

Англиските фанови пронајдоа германски полицаец кој неверојатно личи на Саутгејт, па се погрижија за хит сцена пред полуфиналето

Објавено

на

Англиските фанови имаа пресметка со холандски пред полуфиналето кое вечерва се игра во Дортмунд, но покрај оние кои беа загреани за тепање, има и такви кои се расположени за шеги.

Во изминатите неколку минути, посебен хит на социјалните мрежи е едно видео од увертирата за големото полуфинале на „Сигнал Идуна парк“, а креатори на истото се англиските фанови.

Понесени од инспирацијата која им ја дал еден германски полицаец кој бил задолжен за безбедност пред стадионот, англиските фанови почнале да ја пеат песната која му е посветена на Герет Саутгејт, сето тоа како последица на неверојатната сличност меѓу селекторот и полицаецот.

Германскиот службеник навистина премногу потсетува на актуелниот англиски селектор, па и самиот тој се смешкал на овациите и посветата која ја доби од англиските фанови.

Полуфиналето меѓу Англија и Холандија е на програмата вечерва од 21:00 часот, а победникот од дуелот ќе игра против Шпанија во големото финале во Берлин кое се игра в недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни