Поврзете се со нас

Англија

Англиските фанови го гаѓаа Саутгејт со празни чаши, селекторот испрати порака (ВИДЕО)

Објавено

на

Англија остана без гол на соочувањето со Словенија, но и ремито од 0-0 беше доволно за оваа селекција да го освои првото место во групата Ц во која беа уште Данска и Србија.

Островјаните повторно не се наметнаа, не блескаа и со тоа дополнително ги разбеснија навивачите, но и сите во својата земја кои очекуваат далеку повеќе од состав кој се смета за еден од топ фаворитите за пехарот ако се погледнат сите имиња, квалитетот и потенцијалот.

Дел од фановите по последниот судиски свиреж почнаа да фрлаат со празни чаши кон Герет Саутгејт, а англискиот селектор за таа реакција, свирежи имаше што да каже и порача.

-Нема да отстапам од тоа. Најважно е навивачите да останат со тимот. Го разбирам наративот кон мене и тоа е подобро за тимот отколку кон нив.

-Но ова создава необична средина за работа. Не сум видел ниту еден друг тим да се квалификува и да добие сличен третман. Го разбирам тоа, нема да се повлечам, многу сум горд на играчите за тоа како се справуваат со тоа, -порача Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни