Поврзете се со нас

Англија

Англискиот судија кој предизвика најмногу контроверзи сезонава, вечерва ќе суди последен пат

Објавено

на

Англискиот судија Ли Мејсон вечерва ќе го суди натпреварот Манчестер Јунајтед-Фулам, по што официјално ќе ја заврши својата судиска кариера.

Или барем еден дел од неа, бидејќи одговорната асоцијација за судиите најави дека Мејсон во иднина ќе биде специјализиран ВАР судија.

Мејсон има 49 години и ќе стане прв специјализиран ВАР судија од следната премиерлигашка сезона, што значи дека веќе нема да се појавува на терените, но ќе има одговорни задачи како предводник на ВАР судиските тимови.

Ли Мејсон започна да суди во Премиер лигата во 2006 година, зад себе има 287 премиерлигашки натпревари, на кои покажал 873 жолти и 40 црвени картони.

Сепак, сезонава овој арбитар доби жестоки критики од Нуно Еспирито Санто, кој изјави дека Мејсон не е доволно добар судија за Премиер лигата, а подоцна направи уште поголем циркус на дуелот меѓу ВБА и Брајтон за кој може да прочитате ТУКА.

Подоцна заработи повреда поради која не беше делегиран, за денеска да се прости од премиерлигашките терени со дуелот на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни