Поврзете се со нас

Англија

Англиски второлигаш продаде напаѓач и активираше рекорден трансфер во МЛС

Објавено

на

Фото: https://x.com/Boro

Раководството на Мидлзброу решило да ја прифати понудата од Соединетите Американски Држави и да се раздели со квалитетен фудбалер кој во иднина ќе настапува во МЛС.

Се работи за напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Емануел Лате Лат, кој ќе се пресели во редовите на Атланта Јунајтед и на англискиот второлигаш ќе му донесе дури 22,5 милиони фунти.

Мидлзброу се пофали со повеќе од респектабилниот трансфер кој е реализиран на крајот на преодниот рок и му посака среќа на Лате Лат во новата средина.

Истовремено, сумата која ја одвои Атланта за африканскиот фудбалер е нов трансфер рекорд во историјата на МЛС.

Мидлзброу во меѓувреме го позајми Келечи Ихеаначо од Севилја и тој ќе треба да го покрие заминувањето на фудбалерот кој постигнал 27 голови на 59 натпревари во Чемпионшип.

Амбициозната Атланта претходно го купи и Мигел Алмирон од Њукасл за 8 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни