Поврзете се со нас

Шпанија

Англиски великан прв испратил понуда за Чуамени, но потоа на сцена стапил Перез

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Во отсуство на Пол Погба и Нголо Канте, Орелијан Чуамени доби шанса да биде стартер во француската фудбалска репрезентација, која вчера на извонреден начин го отвори походот наречен „одбрана на светската титула“.

Актуелниот светски првак со победа од 4:1 стартуваше на мундијалот во Катар и само потврди дека има страшен тим и покрај сите незгодни повреди, кои направија Чуамени да игра една од клучните улоги во средниот ред на Дешамп.

Младиот игра за врска бележи стратосферски напредок откако направи голем трансфер изминатово лето, а самиот тој открива дека бил блиску до Ливерпул пред на сцена да стапи Флорентино Перез.

– Првиот клуб кој дојде по мене беше Ливерпул. Имавме почнато преговори со нив, но потоа дојде Реал Мадрид и се се промени во една секунда.

– После тоа, во мојата глава се беше јасно. За мене работата стана Реал Мадрид, или ништо друго. Реал е најголемиот клуб во светот, ако сакаш да направиш историја во овој спорт, нема подобро место за вас. Потоа се јави и ПСЖ, но веќе имав донесено одлука да заминам во Реал Мадрид, – открива Чуамени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни