Поврзете се со нас

Европски првенства

Англиски судии ќе ја делат правдата на дерби средбите во четвртфиналето на ЕП

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SEFutbol

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на првите два натпревари во четвртфиналето на Европското првенство, два натпревари кои дефинитивно се најзвучни, најинтересни во оваа фаза затоа што се среќаваат Германија-Шпанија и Португалија-Франција.

На првиот дуел во Штутгарт меѓу домаќинот и „црвената фурија“ закажан за в петок од 18 часот правдата ќе ја дели Ентони Тејлор. Асистентите исто доаѓаат од Англија и се Гари Бесвик и Адам Нан, четврти судија е Иван Кружљак од Словачка.

Англиски судија ќе биде на центарот и во Хамбург, а неговото име е Мајкл Оливер. Покрај Оливер на мечот меѓу Португалија и Франција ќе ги видиме Стјуарт Барт и Дан Кук, додека четврти судија е Симон Марчињак од Полска. Оваа средба е закажана за вечерниот термин од 21 часот.

УЕФА допрва ќе излезе со информација за судиите за Холандија-Турција и Англија-Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни