Поврзете се со нас

Англија

Англиски репрезентативец проговори за идеално сценарио: Ако мојот клуб сака пари, нека ме продаде во Реал Мадрид!

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrentfordFC

Брентфорд се подготвува за продажба на Ајван Тони и повеќе од јасно е дека англискиот репрезентативец нема да игра за „пчелите“ по крајот на оваа сезона, а најавеното сценарио сега стана уште поинтересно поради изјавата на самиот напаѓач.

Тони беше суспендиран со месеци поради прекршување на законот за обложување, но се врати на теренот како никогаш да не бил надвор од него, па дефинитивно се очекува да биде играч кој ќе конкурира за настап на Европското првенство.

Познатиот медиум „Скај Спортс“ во последното интервју побара од Тони да замисли идеално сценарио за крајот од сезоната, а неговиот одговор не остави никого рамнодушен.

– Идеално би било да победиме на сите натпревари до крајот на сезоната, да постигнам 20 гола и да не примиме ниту еден. Нешто такво би било блиску до идеално.

– Кога е во прашање идеалното лето, тоа би било да бидам дел од Европското првенство и да победиме. Потоа, ако мојот клуб Брентфорд сака да добие пари, ќе ме продаде во Реал Мадрид, – порачува Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни