Поврзете се со нас

Европски првенства

Англиски репрезентативец откри дека избраниците на Саутгејт се подготвуваат за пенали

Објавено

на

foto: x.com/England

Англиската фудбалска репрезентација не успеа да импресионира во групната фаза на ЕП во Германија, но ќе биде голем фаворит во дуелот со Словачка во осминафиналето.

Избраниците на Герет Саутгејт влегуваат во нокаут фазата со цел да ја продолжат борбата за трофејот, а една од главните задачи е да се биде сигурен при изведувањето пенали, нешто што беше клучно во последното финале, во кое Англија загуби на пенали од Италија.

Дефанзивецот Марк Гуеи признал дека тој и соиграчите напорно работат на овој сегмент.

– Работиме често и детално на овој елемент.

– Работиме како тим за да бидеме подготвени ако дојде таков момент, важно е да знаеме дека сме ги предвиделе сите детали, – рекол стоперот на „трите лава“.

Англија го игра осминафиналето со Словачка во недела од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни