Поврзете се со нас

Англија

Англиски репрезентативец најави заминување од Сити: Ќе морам да донесам одлука за мојата иднина

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити е еден од најдобрите клубови на светот, тим кој е предводен од еден од најквалитетните, најтрофејните тренери Пеп Гвардиола кој секогаш има специфични барања од своите играчи за да се дојде до неговата филозофија, а со тоа да се отвори патот до зацртаните цели.

Некои играчи се снаоѓаат во системот на Гвардиола, на некои им е потребно време за да тоа го направат, а пак трети едноставно не успеваат да го испорачаа тоа што се очекува од нив иако претходно имаше забележителна улога во претходните клубови и репрезентацијата.

Таков е случајот со Калвин Филипс кој и во втората година на „Итихад“ се мачи со минутажата, има само три настапи за Сити во ПЛ и тоа како замена, но и покрај овие проблеми тој редовно е повикуван во англиската репрезентација од селекторот Герет Саутгејт.

Меѓутоа и на Филипс му е јасно дека мора повеќе да игра за да може да продалжи да биде дел од националнио тим, па најави заминување од Сити ако сегашната ситуација не промени.

-Знам дека треба да играм натпревари и да се натпреварувам секој викенд. Ќе морам да донесам одлука за [мојата иднина] во текот на следните месеци. Тој (Саутгејт) само вели дека за да си го задржам местото мора да играм натпревари. Тоа е она што сакам да го направам. За тоа се договорив со Герет, -истакна поранешниот член на Лидс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни