Поврзете се со нас

Англија

Англиски новинар го сумираше фудбалскиот хаос со шега на сметка на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Фудбалските фанови од вчера се бомбардирани со илјадници информации за формирањето на Супер лигата, но и проблемите поради која таа веројатно нема да стане реалност.

По вчерашната најава за формирање од 12 клубови, 6 веќе се повлекоа, а бројката може да порасне до утрешниот ден.

Англискиот новинар Ричард Џоли стана хит на Твитер со твитот со кој се пошегува на сметка на Манчестер Јунајтед, еден од клубовите кои веќе го потврдија повлекувањето од проектот.

– Манчестер Јунајтед стана прв клуб во историјата кој во една сезона учествувал во Лигата на шампионите, Лига Европа и Европската Супер лига, – напиша Џоли, а неговиот твит е хит број еден меѓу фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни