Поврзете се со нас

Свет

Англиски фудбалер заглави во процедурите: Не знам чиј фудбалер сум во моментов!

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LutonTown

Преодните рокови знаат да донесат интересни ситуации и големи пресврти, но и несекојдневни моменти за фудбалерите кои се обидуваат да пронајдат нова средина.

Нешто такво му се случи на англискиот фудбалер Андрос Таунсенд кој во моментов не знае кој клуб го има регистрирано за настап и тоа поради суспензијата на турскиот клуб кој реши да го ангажира.

Таунсенд ја заврши претходната сезона како член на Лутон, кој не обезбеди опстанок во Премиер лигата, а летово реши да се пресели во редовите на турскиот прволигаш Анталијаспор.

Сепак, Анталијаспор е под суспензија на ФИФА поради неисплатени обврски кон неколку фудбалери и нема право да регистрира нови играчи, па Таунсенд може само да тренира со новите соиграчи.

– Заглавен сум во Анталијаспор и можам само да тренирам, не знам ни на кој клуб му припаѓам, ни каде е мојот договор.

– Три дена пред првиот натпревар на Лутон добив повик од Турција во кој ми беше претставена понудата од клубот, но за истата морав да одлучам за еден ден. Го пробивме рокот за неколку часа и забраната за трансфери ме остави без комплетирање на трансферот, – вели Таунсенд, кој сепак е убеден дека турскиот клуб ќе ги исплати долговите и ќе го регистрира за новата сезона.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни