Англиската јавност бесна на Рамос: Повторно го направи истото (Видео)

sterling-ramos

Рахим Стерлинг беше извонреден на вчерашниот меч против Шпанија и на истиот прекина една црна серија за која добиваше многу критики, од едноставна причина што неговиот гол на мечот во Севилја беше прв за него во дресот на „трите лава“ по пауза од цели три години.

Крилото на Манчестер Сити нависитна им создаде многу проблеми на фаворизираните шпански фудбалери, но во една ситуација, беше жртва на една агресија од страна на Серхио Рамос кој со својот потег го навлече гневот меѓу англиските медиуми.

Во една ситуација во шеснаесетникот, Рамос го згазна Стерлинг кога топката беше далеку од овој дел од теренот, па англиските медиуми на големо го обвинуваат дека намерно го направи тоа и дека ова е иста акција како многу во неговата кариера.

Facebook Коментари