Поврзете се со нас

Англија

Англиската федерација негодува за промената со која Чеферин ќе добие уште еден мандат во УЕФА

Објавено

на

Foto:uefa.com

Александер Чеферин не го промени својот став и ќе очекува поддршка од Извршниот комитет на УЕФА за промените во статутот, кој на крајот ќе му овозможат да добие уште еден претседателски мандат по актуелниот кој истекува во 2027 година.

Словенецот на почетокот на своето претседателствување се избори за ограничување на бројот на мандати на функционерите во УЕФА, но сега реши да протурка амандман со кој неговиот прв мандат нема да се смета бидејќи бил нецелосен.

Англиската фудбалска асоцијација е една од федерациите кои не се сложува со предлогот на Чеферин, а според „Би-Би-Си“ веќе го искажала незадоволството од предлогот, но на претседателот на УЕФА му требаат две третини од 55 гласа за да си овозможи уште еден мандат.

Токму ова прашање отвори конфликт и на релација Чеферин-Звонимир Бобан, при што хрватската легенда јавно го критикуваше својот доскорешен близок соработник за идејата да си го продолжи претседателскиот престој во УЕФА.

Гласањето е утре во Париз, а дека Чеферин има поволна позиција говори и фактот што промената е вметната во група одлуки за кои ќе биде гласано одеднаш, а во кои има промени кои се далеку попозитивни за сите кои ќе учествуваат во гласањето.

Бобан се повлече од УЕФА со жестоки критики за Чеферин: Не можам да го прифатам овој потег

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни