Англија стана првата земја со пет претставници во осминафиналето на ЛШ

liverpul

Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем вечерва и официјално се квалификуваа во осминафиналето на Лигата на шампиони, придружувајќи им се на Челси и Манчестер Јунајтед, кои вчера го потврдија пласманот во нокаут-фазата,

На тој начин, Англија стана првата земја со петмина претставници во осминафиналето на Лигата шампиони, барем од сезоната 2003/04, кога беше воспоставен актуелниот формат на натпреварувањето.

Освен Челси, кој ја заврши фазата на групи како второпласиран во групата Ц, останатите четири тима влегуваат во ждрепката за осминафиналето како носители, откако завршија на првите места во своите групи, но, секако, два тима од иста земја не можат да се паднат еден против друг толку рано во нокаут-фазата.

Facebook Коментари