Поврзете се со нас

Свет

Англија се посрамоти во последниот тест пред ЕП, Германија со доста мака ја „скрши“ Грција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/England

Репрезентацијата на Англија се посрамоти во последниот тест пред Европското првенство во кое на хартија важи за еден од фаворитите за титулата.

Меѓутоа за да се освои пехарот ќе мора да се игра далеку подобро од вечерва на „Вембли“ каде ги шокираше селекцијата на Исланд. Гостите уште во раната фаза, 12 минута дадоа гол кој на крајот се покажа како доволен за победа која ќе се памети.

И Германците имаа многу проблеми, но пронајдоа начин да ја добија Грција со 2-1 со пресврт во второто полувреме.

По лошата реакција на Нојер во 33 минута, Масурас стрелаше за водство на гостите.

Меѓутоа по одморот Хаверц и Грос погодија и донесоа славје на „Борусија-Парк“.

На другите средби Полска беше подобра од Украина од 3-1, Албанија со истиот резултат го доби Азербејџан, додека Шкотка иако водеше со 2-0, не успеа да слави над Финска (2-2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни