Поврзете се со нас

Свет

Англичанките станаа европски шампионки во фудбалски меч кој донесе историја на „Вембли“ (Видео)

Објавено

на

После повеќе од половина век една репрезентација на Англија се закити со злато на еден голем настан, а тоа е женската фудбалската репрезентација која денеска во големото финале славеше во драматичен меч со Германија.

Финалната пресметка меѓу Англија и Германина на „Вембли“ донесе и фудаблска историја поради посетеноста на трибините, бидејќи 87 илјади и 192 навивачи е апсолутен рекорд на едно Европско првенство, без разлика дали станува збор за машка или женска конкуренција.

Завршниот натпревар донесе голем интерес и рекордната посетеност е најдобар доказ за тоа, а девојките кои играа доле на теренот се погрижија за голема неизвесност и трилер кој траеше 120 минути.

Англичанките поведоа со голот на Тун во 62-та минута, но Германките имаа подготвено одговор и се изборија за продолженија благодарение на Магул.

Дополнителните 30 минути игра одново понудија изедначен фудбал, а како пресудна се покажа мешаницата во 110-та минута кога Кели беше најснаодлива за голем гол вреден Европска титула и огромно славје на „Вембли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни