Англичаните шокирани од измамник кој продал илјадници сувенери со лажни автограми на фудбалски ѕвезди

dejvid-reni

Британските медиуми пренесоа интересна информација за почеток на судски процес против измамник кој заработил сериозна сума на пари, продавајќи дресови, топки и сувенири со лажни автограми од фудбалските ѕвезди.

Дејвид Рени заработил повеќе од 1 милион фунти продавајќи секакви сувенири и дресови за кои успевал да ги убеди своите жртви дека се лично потпишани од големите фудбалски имиња, а својата приказна ја продавал со тоа што тврдел дека негови соработници ги чекаат фудбалерите пред тренинг центрите и стадионите и на тој начин ги собираат автограмите.

Рени продал над 4.500 предмети, најскапиот го наплатил 700 фунти, а една од измамените е и жена која платила 300 фунти за да добие дрес потпишан од Тјери Анри, за да го развесели синот по смртта на неговиот татко. Измамникот продал по над 200 производи со потписите на Меси, Роналдо, Џерард и други, а полицијата го следела и собирала докази осум месеци, пред да го уапси.

Facebook Коментари