Свет
Англичаните се вразумија и донесоа одлука која ги израдува сите во Реал (Фото)

Џуд Белингем не ги одигра последните два натпревари против Брага и Валенсија поради повреда на рамото, но и покрај утврдената дијагноза од Реал Мадрид, англиската Федерација реши да го повика фудбалерот на подготовките за следните два дуели.
Англичаните ги налутија водечките луѓе во Реал Мадрид со обидот да го стават Белингем на располагање за вториот меч од претстојниот квалификациски прозорец, а тоа во превод беше дуелот со Македонија кој се игра на 20-ти ноември во Скопје.
Младата ѕвезда на Реал не беше исклучена за настап на „Тодор Проески“ се до ова попладне, кога Англичаните сепак се вразумија и решија да не ризикуваат со здравјето на фудбалерот.
Англиската Федерација преку официјален допис до јавноста образложи дека Џуд Белингем е ослободен од обврските за претстојните предизвици, па рехабилитацијата ќе може да ја продолжи во својот клуб.
Истото важи и за Леви Колвил од Челси, кој поради повреда исто така отпаѓа од списокот на Герет Саутгејт за дуелите со Малта и Македонија.
An update from St. George's Park, as @BellinghamJude and @levi_colwill return to their clubs to continue their rehabilitation.
Recover well, lads 👊
— England (@England) November 14, 2023
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата