Поврзете се со нас

Англија

Англичаните мора да побрзаат, имаат уште 12 дена доколку сакаат да го ангажираат Вернер по поволна цена

Објавено

на

Одличниот напаѓач на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер е трансфер цел на неколку англиски премиерлигаши.

Најсериозен интерес има од таборот на Ливерпул за кој и Вернер изјави дека би сакал да игра, а во моментов постои интерес и од Челси и Манчестер Јунајтед.

Тимо Вернер во својот договор со германскиот клуб има откупна клаузула од 49 милиони фунти која истекува на 15 јуни.

Тоа значи дека клубовите имаат уште 12 дена да го ангажираат фудбалерот по поповолна цена, а потоа за сумата ќе се прашува германскиот клуб.

Сепак, се верува дека Ливерпул не сака да го ангажира 24 годишниот напаѓач по оваа цена и не сака да плати 50 милиони фунти занего во овие услови, додека пак Манчестер Јунајтед си ја заврши работата со напаѓачите откако го задржа Игало најмалку до јануари.

Сега Челси останува клубот кој може да повлече изненадувачки потег и во „5 до 12“ да го ангажира германскиот напаѓач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни