Поврзете се со нас

Англија

Англичаните исвиркани, Саутгејт спокоен: Добро ќе ни дојде овој пораз

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација ги разочара своите фанови со поразот од Исланд, па не е изненадување што се слушнале и свирежи на „Вембли“, наменети за избраниците на Герет Саутгејт.

Селекторот признал дека изданието на „трите лава“ не било според посакуваните стандарди и не е доволно за посакуваниот успех на претстојното Европско првенство, но гледа и позитивна страна во поразот од „рибарите“.

– Сум бил дел од многу вакви натпревари, фудбалерите размислуваат само за ЕП, а постои и тој страв од повреди.

– Немаме некое оправдување за резултатот, но јасно е дека можеме да поправиме многу работи.

– Требаше да се снајдеме многу подобро во играта без топка, па иако не располагавме ниту со оптималниот состав, ова беше разочарувачки настап. Генерално, мислам дека ваков пораз ќе ни дојде добро пред почетокот на ЕП, – рекол Саутгејт.

Прв противник на Англичаните на ЕП е репрезентацијата на Србија и тоа на 16. јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни