Англија
Англичаните имаат нов селектор: Тухел прифати една од најтешките работи во светскиот фудбал
Неколку часа по ексклузивата на повеќе англиски извори, „Би-Би-Си“ оваа вечер излезе со надополнување на првичната информација и соопшти дека Томас Тухел експресно ги завршил преговорите со Англиската Асоцијација.
По позитивните првични контакти, Германецот успеал брзо да пронајде заеднички јазик со водечките луѓе на фудбалот во Англија, па затоа воопшто не се двоумел да ја прифати понудата која му носи сериозен предизвик.
Доскорешниот тренер на Баерн Минхен прифатил да биде третиот странски тренер кој ќе ја води англиската селекција, бидејќи претходно тоа го правеа само Свен Геран Ериксон и Фабио Капело.
Како што јавува „Би-Би-Си“, потврда за целата операција добил од два сигурни извори, по што многу брзо дошло до крај на преговорите кои отпочнале пред неполни 24 часа.
Тухел за помалку од еден ден успеа да се договори со Англија, откако претходно ова лето не постигна договор со Манчестер Јунајтед, клуб кој на крајот реши да продолжи со Ерик Тен Хаг.
-
Шпанија18 часа
Шефот на ВАР системот во Шпанија даде објаснување за поништениот гол на Левандовски (Фото)
-
Англија16 часа
Јунајтед го расчисти прашањето за иднината на Ван Нистелрој на „Олд Трафорд“
-
Италија23 часа
Чалханоглу доживеа нешто што не го искусил како играч на Интер : Не мораше баш сега….. (Видео)
-
НБА19 часа
Урнебес: Јокиќ се мачеше со еден англиски збор, па почна да пцуе на српски (Видео)
-
Европски првенства15 часа
Пешевски е автор на еден од најубавите голови во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Фудбалерите се собраа, започнуваат подготовките за завршницата во Лигата на нации (ФОТО)
-
Шпанија21 час
Рафиња ги исмева Шпанците за поништениот гол на Левандовски (Фото)
-
Англија14 часа
Премиерлигашки судија суспендиран поради навреди кон Клоп и Ливерпул (ВИДЕО)