Поврзете се со нас

Македонија

Анѓушев се повлече: Борец остана без главниот спонзор, играчите можат да си бараат нови средини

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Борец остана без главниот спонзор компанијата Брако која е во сопственост на бизнисменот Кочо Анѓушев.

Анѓушев го потврди тоа што го најави пред некое време дека си заминува од клубот, а ова дефинитивно ќе биде голем проблем за клубот од Велес кој првиот дел од домашниот шампионат го заврши на петтата позиција на табелата.

Играчите директно биле информирани за оваа одлука и истите ќе имаат одврзани раце да си заминат од Борец и да побараат нови средини во кои ќе ја продолжат кариерата.

Инаку Анѓушев беше незадоволен од состојбите во македонскиот фудбал, од односот на Општинскиот фудбалски сојуз на Велес како и од федерацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни