Анѓелиќ со луда финта направи одбраната на Татран да изгледа за потсмев (ВИДЕО)

valjda e andjelic vs tatran 2017

Металург ја прекина црната резултатска серија славејќи победа во осмото коло од СЕХА Газпром лигата над Татран Прешов со 31:30 (18:13).

Иако имаше доминација во првото полувреме, Металург дозволи гостите во вториот дел да им се доближат и да си го осветлат образот. Од друга страна, иако не се истакнаа во одбраната, младите ракометари на тимот од Автокоманда имаа одлична реализација особено додека на голот беше Чуприна кој имаше само една одбрана од 17 шута (Цвитковиќ го замени од 20 минута и имаше 7 одбрани од 22 удари).

Јагањац уште еднаш ја покажа својата класа со 9 погодоци од кои 8 од линијата за 9 метри, но сепак изборот за потег на мечот му припадна на Божо Анѓелиќ, кој ја измами одбраната на Татран и буквално „ги фрли на колена“ за потоа ноншалантно да помине покрај нив и да реализира од шест метри за водство од 6:4.

Facebook Коментари