Репрезентација
Ангеловски задоволен од тренинг кампот: Фудбалерите се запознаа со методите, ќе ги следиме во иднина

Селекторот Игор Ангеловски работеше со 19 нови фудбалери кои се потенцијални репрезентативци во најсилната македонската селекција, па по крајот на мини кампот кој траеше во изминатите два дена, фудбалскиот стручњак излезе со свои импресии за она што го виде во последните 48 часа.
Покрај одработените два тренинзи, денеска потенцијалните репрезентативци одиграа контролка против тимот на Работнички, во која успеаја да слават со 2:0 со головите на Дориев и Исмаили.
Во листата на селекторот се најдоа многу фудбалери кои настапуваат во домашниот шампионат и првичната цел на Ангеловски беше да им се даде шанса за докажување на играчите кои се дел од македонската сцена.
– Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите, што ги одработија овие три тренинзи, и на клубовите што ги ослободија од обврските, бидејќи ова не беше ФИФА термин. Благодарност и на Работнички што ни излегоа во пресрет да одиграме тренинг натпревар. Резултатот беше во втор план, целта беше фудбалерите да имаат можност да се запознаат со методите и принципите на работа во А-репрезентацијата, некои од нив веќе имаа такво искуство, но другите што немаа, имаа можност за тоа, а ние имавме можност уште подобро да се запознаеме со нивните квалитети и можности.
– Задоволен сум од тоа што го одработија овие три дена, нормално дека ќе ги следиме во иднина, и во зависност од нивната форма и потребите на репрезентацијата ќе ги носиме следните одлуки,- изјави селекторот Ангеловски.

- НБАпред 23 часа
Ирвинг: Коби треба да биде новото лого на НБА лигата (ФОТО)
- Светпред 17 часа
Панучи: Освоив се во Милан, но само еден клуб е „фудбалски Холивуд“!
- Лига на шампионипред 22 часа
Фердинанд му ги посочи двете најголеми закани на Гвардиола во Лигата на шампионите
- Англијапред 19 часа
Фабрегас го издвои играчот кој менува натпревари во Арсенал: Каква зрелост и каква интелигенција (Фото)
- Лига на шампионипред 19 часа
Лазаров беше најдобар против европскиот шампион, Нант испушти победа во завршницата
- Светпред 21 час
Ибра направи разлика меѓу „старата фудбалска школа“ и новата генерација на фудбалери: Одиграле добри пет минути…..
- Светпред 23 часа
Анри ја заврши приказната во МЛС лигата (ФОТО)
- Лига Европапред 17 часа
Станковиќ збесна на „Сан Сиро“: Јас не играв крикет, бев во фудбалот 25 години!