Репрезентација
Ангеловски: Ветувањето го исполнив, верувам сите заедно ќе се радуваме на нови големи победи

Тоа што изминативе денови се најавуваше денеска доби официјална потврда-Игор Ангеловски останува на клупата на нашата репрезентација и ќе го води националниот тим на Европското првенство.
Во јавноста се појавија одредени дилеми за тоа дали Ангеловски ќе продолжи како селектор со оглед на тоа што договорот му заврши на крајот на минатата календарска година, меѓутоа во целиот овој период ниту популарниот Мрме, ниту ФФМ не дадоа никаква изјава, навестување дека тоа нема да се случи.
Сега сите тие дилеми се разрешени и човекој кој од 2015 година ги води „црвено-жолтите“ и на македонскиот фудбал му го донесе најголемиот успех, историскиот пласман на ЕП останува на фунцкијата и ќе ги води Пандев, Алиоски, Елмас, Николов и компанија во битките против Холандија, Украина и Австрија.
–Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Не се сомневам дека репрезентацијата, како и досега, ќе ги има најдобрите услови за работа.
Ќе го вложам сиот свој потенцијал да возвратиме со добри игри и да ја продолжиме успешната резултатска низа. Како што ветив и пред јавноста, сѐ она што ми беше понудено во форма на договор го прифатив, а националниот го ставив пред личниот интерес. Благодарност до капитенот, фудбалерите од репрезентацијата и јавноста за поддршката.
Верувам дека сите заедно и сложно повторно ќе се радуваме на големи победи, а овој пат ќе славиме сите заедно низ улиците на нашиот град и нашата држава, –истакна Ангеловски во својата прва изјава по потврдата на новиот договор.

- АТПпред 23 часа
Надал: Неверојатно е што правеше Медеведев против Ѓоковиќ, тоа е неприфатливо!
- Шпанијапред 22 часа
Тони Крос: Јас речиси никогаш не сум повреден, навистина не знам што прават соиграчите…..
- Светпред 24 часа
Фердинанд: Добивме доказ колку е лоша шпанската Ла Лига!
- Англијапред 22 часа
Тухел си ја призна грешката и го испофали својот херој: Тој тренира како да има 15 години помалку!
- НБАпред 22 часа
Дончиќ и Марјановиќ заиграа оро на паркетот, Американците се прснаа од смеа (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Иниеста за својот наследник во Барселона: Тој е поразличен од сите други
- Англијапред 18 часа
Анхелињо: Гвардиола ме уби мене и мојата самодоверба!
- НБАпред 20 часа
Комплетирани се составите: Познати се резервите за Ол-стар битката во Атланта