Ангеловски: Третото место е доказ дека оваа репрезентација е најдобра, ама можевме повеќе

mrme-zname

Македонија со победа над Израел од 1-0 ги затвори квалификациите за Европското првенство и тоа со пласман на третото место во групата Г што е наш најдобар резултат во еден вакво циклус за големо натпреварување.

Селекторот Игор Ангеловски е задоволен што дојдовме до еден ваков резултат, но во исто време потенцираше оти смета дека сме можеле да дојдеме и до поголем успех, повеќе бодови во одредени натпревари.

-Ова не беше најлесна група, тука беа Полска, Австрија, Словенија, Израел…селекции кои се со изедначен квалитет. Јас пред квалификациите кажав дека Полска и Австрија се фаворити. Трети сме во групата што е историски пласман, ама можевме повеќе. Требаше да победиме со Израел, Словенија, да не загубиме дома со Полска. Ни избегаа бодови со кои можеби ќе бевме во ситуација да играме на ЕП преку квалификациите. Третото место покажа дека оваа репрезентација е најдобра. Ама ништо немаме направено. Сакаме пласман на ЕП преку Лигата на нациии. Се надевам дека ќе не избегнат повредите, играчите да играат и ако биде така имаме шанси да го минеме Косово и да играме во финалето на Лигата на нации, -истакна Ангеловски.

Facebook Коментари