Ангеловски: Спремни сме за борба, размислуваме само за победа против Словенија

mrme-pandev

Утре од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“, македонската сениорска фудбалска репрезентација ќе се соочи со Словенија во седмиот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Пандев не сака „плукачи“: Сакам да добиеме поддршка од луѓе кои вистински ја сакаат Македонија

Тоа е дуел кој е значаен како за нас така и за противникот, па се очекува да биде супер интересно и возбудливо со многу жар и борба на теренот. Нашиот националец тим се соочува со одредени проблеми како отсуствата на Дарко Велкоски, Енис Барди, Крсте Велкоски, а во комбинација поради жолти картони нема да биде ниту Егзон Бејтулаи, ама без разлика на тоа се размилслува и цели кон освојување на трите бода.

-Очекувам добар натпревар, пресметка на слични репрезентации на теренот. Имаме две отсуства, ама не е  проблем. На терен ќе излезат 11 подготвени играчи, спремни за борба и игра и за она што сите го посакуваме. Јас не се сомневам во моите фудбалери. Сега не ме интересира табелата, размислувам само како да славиме над Словенија. Размислувам од меч во меч, прво соочувањето со Словенија, потоа Полска, -истакна селекторот Игор Ангеловски.

Facebook Коментари