Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски: Промашивме многу зицери, радува тоа што добивме…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

 

Тимот на Еурофарм Пелистер не успеа да направи изненадување и претрпе пораз од Фуксе Берлин од 30:22 во рамките на второто коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак се надеваше на подобро издание, подобар резултат воден од тоа што го прикажа во првата рунда против ПСЖ на гостински терен, меѓутоа секој натпревар е поинаков, посебна приказна за себе и бундеслигашот во Битола покажа квалитет, сила и доминација и дојде до заслужено славје.

-Честитки до Фуксе Берлин за нивната одлична игра и победата. Загубивме од подобар противник, противник кој добро играше низ сите 60 минути и го искористи нашиот пад во вториот дел од првото полувреме. Мислам дека во првиот дел се скрши натпреварот, кога од минимална негатива паднавме, ги казнија грешките и натпреваврот доби друга димензија.

-Сметам и убеден сум дека премногу промашивме зицери од шест метри, а тоа даде свој тон на победата на противникот. Имаме уште многу за играње, радува тоа што добивме уште еден играч од нашата школа. Задоволен сум од прикажаното на нашите млади играчи и се надевам на уште подобри игри од нив во иднина, -порача тренерот Бранислав Ангеловски.

Нареден противник на „зелено-белите“ е Динамо Букурешт, тим кој има „два од два“ во досегашниот дел од групната фаза.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни