Ангеловски: Пресметките со Австрија и Израел ќе бидат подготовка за плејофот против Косово

angelovski-odelo

Македонската А фудбалска репрезентација циклусот на квалификации за Европското првенство ќе ги заврши со пресметките со Австрија и Израел.

Тоа се дуели кои на 16 и 19 ноември ги играме во Виена и Скопје, а на истите ќе се обидеме да дојдеме до што подобри резултати кои на најдобар можен начин ќе ни овозможат да ја затвориме оваа фаза. Има одредени промени во составот, некои играчи се повредни, некои казнети, а имаме и две нови имиња како Даниел Аврамовски од Вардар и Никола Ѓорѓев од Грасхоперс.

Ангеловски го објави списокот на повикани играчи за Израел и Австрија: Ѓорѓев се враќа, повик и за Аврамовски

-Ќе се обидеме да го извадиме најдоброто од последните два натпревари. Австрија не надигра на домашен терен, тоа е селекција која е доминатна во овие квалификации. Меѓутоа тоа дефинитивно е мотив плус за нас да се прикажеме во добро издание. Не е сеедно како ќе заврши дуелот со Виена. Се надевам ќе ги затвориме овие квалификации со пласман кој ќе го отслика тоа што го одигравме во овој циклус. Овие два меча ќе бидат и подготовка за плејофот против Косово во Лигата на нации со оглед дека нема да имаме можност за пријателски натпревари, -истакна селекторот Игор Ангеловски.

Facebook Коментари