Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски пред вториот предизвик во ЛШ: Потребни ни се 16 војници на теренот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер скапо ја продаде кожата и херојски му се спротивстави на ПСЖ среде Париз, но битолчани веќе се насочени кон вториот предизвик во Лигата на шампионите наречен Фуксе Берлин.

Германскиот состав ќе биде гостин во Битола и ќе ја тестира „жешката“ публика во салата „Боро Чурлевски“, а тренерот Бранислав Ангеловски е свесен дека ќе му бидат потребни 16 војници во тимот за да се извојува победа.

– Би сакал натпреварот кој го прикажавме во Париз да биде една најава за тоа што следи утре. Сакам да испратам повик до нашите верни навивачи. Трибините да бидат полни и сигурен сум дека тие ќе бидат нашиот осми и деветти играч.

– Да одиграме уште подобар натпревар од тој во Париз и да се надеваме на поволен резултат, по можност победа, – изјави Ангеловски, кој се уште не одлучил дали ќе смета на Усама Хосни.

– Не можам да кажам дали ќе игра, тој е три недели надвор од тренажен процес. Даде позитивни сигнали на последните тренинзи, но далеку е натпреварот кој се игра утре. Ќе ни бидат потребни 16 војници за противник како Фуксе Берлин. Ќе треба да бидеме подготвени на тактички, физички и ментален план за да победиме, – изјави Ангеловски.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни