Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски: Повторно сме во кремот на европскиот ракомет, наша одговорност е да се покажеме на повисоко ниво!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Екипата на Еурофарм Пелистер успеа да добие специјална покана од ЕХФ за настап во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2024/2025, натпреварување за кое нашиот првак ги доби и противниците.

Клубот од Битола се најде во групата А, група која е далеку полесна од другата во која се Барселона, Алборг, Нант, Магдебург, Кјелце…

Сега на „зелено-белите“ е да се покажат и да потврдат зошто се дел од најсилната конкуренција и во новата кампања.

-Повторно сме во кремот на европскиот и светскиот ракомет и повторно звездата ќе свети во Битола и во Македонија. Иако шампионот на Македонија беше под линијата која гарантира директно учество во Лигата на шампионите, ЕХФ ја препозна нашата клупска сериозност.

-Благодарение на нашата целокупна организација на натпревари од највисок ранг, на нашата прекоректна публика, заедно со нашите верни навивачи „Чккембари”, кои секогаш несебично не бодреа до последна секунда и на крај искрено ја честитаа победата на гостите, сосема заслужено ни ја додели „вајлд-картата“ за повторно учество. Ова е само една одговорност повеќе за сите нас да покажеме уште повисоко ниво во сите сегменти од нашиот спорт, вклучувајќи ги и резултатите.

-Ова е еден огромен чекор напред и со играњето во Лигата на шампионите на македонскиот шампион, успеавме да го задржиме континуираното играње на македонскиот шампион во најдоброто натореварување, -порача тренерот Бранислав Ангеловски.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни