Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски: Покажавме карактер и квалитет, горд сум на мојата екипа!

Објавено

на

foto: x.com/psghand

Екипата на Еурофарм Пелистер не направи да направи изненадување во соочувањето со Пари Сен Жермен, но се покажа во добро светло против големиот фаворит на негов терен во Франција.

„Фармецевтите“ загубија со 31:29, меѓутоа ова издание треба да биде основа за уште поквалитетни партии во Лигата на шампионите, партии кои ќе овозможат и позитивни резултати, победи во елитното натпреварување.

Тренерот Бранислав Ангеловски пред мечот порача дека очекува максимална борба од неговите играчи, нешто што го доби и токму поради тоа и беше горд на претставата во Париз.

-Горд сум на тимот и тоа што момците го направија. Пред натпреварот си ветивме борба до самиот крај. Покажавме карактер и квалитет, искуство пресуди на крајот. Горди сме што ја претставуваме Битола, -порача Ангеловски.

Македонскиот првак во второто коло е домаќин на бундеслигашот Фуксе Берлин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни