Ангеловски појасни кој ќе биде прв голман на Македонија во наредниот период

mrme-lihten

Игор Ангеловски го повика Дени Илиев на местото на Митов Нилсон за претстојните два натпревари против Лихтенштајн и Гибралтар во Лигата на нации, но сепак македонскиот селектор на обраќањето кое го имаше на пресот појасни дека прв избор и прв голман на националниот тим и натаму останива Столе Димитриевски.

Голманот на Рајо Валјекано направи неколку лоши проценки на мечот со Ерменија во Ереван, но сепак Ангеловски има максимална доверба во него и смета дека не треба да се заборават неговите одлични партии пред последниот меч кој го одигра репрезентацијата.

– Сите работи во групата зависат само од нас. Имаме три бода предност пред последните два меча. Фаворити сме и се надевам дека ќе ја оправдаме улогата и со две победи ќе одиме понатаму. Причините за поразот во Ереван беа индивидуални грешки, имаше критики за нашата игра, дел од нив сосема ги оправдувам. Но, критиките се составен дел од нашата работа. Ние одиме понатаму, обединети сме повеќе од било кога. Нема да дозволиме еден пораз да ја разниша целата атмосфера која ја градевме три години, – изјави селекторот и појасни.

– Списокот е веќе стандарден, како трет голман е повикан Дени Илиев, веќе најавив дека ќе ротираат со Шишковски и со Алексоски доколку ја поврати старата форма. Повикан е и Крсте Велкоски кој игра во добра форма во Сараево. Во план ни беше и Бесарт Ибраими, но се здоби со повреда. На првата голманска позиција ќе остане Димитриевски, – заклучи Мрме.

Facebook Коментари