Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски: Пандев покажа дека не постојат бариери за него

Објавено

на

Селекторот Игор Ангеловски денеска го одржа првиот тренинг со своите фудбалери во пресрет на толку очекуваниот меч против Косово, дуел кој на нашата најдобра репрезентација може да и донесе историски пласман во едно бараж финале за пласман на Европско првенство.

Главна вест на тренингот беше тоа што Горан Пандев како капитен е предводник на тимот, бидејќи добро познато е дека нашиот најискусен репрезентативец водеше бирократска војна за да слета во Скопје, откако цел тим на Џенова беше испратен во изолација поради кризата со Ковид 19.

На крајот, се направија напори од повеќе страни и популарниот Гоче пристигна во престолнината, а откако вечерва го одработи тренингот со останатите соиграчи, Ангеловски не го криеше воодушевувањето од неговата огромна желба да настапи на натпреварот со Косово.

– Во ова денешно време и ситуацијата во која се најде Џенова, имавме потешкотии. Би кажал дека неговото доаѓање тука покажува колку му значи овој натпревар против Косово. Знам што разговаравме изминативе четири години, сака да игра на Европско првенство со репрезентацијата и ова е доказ дека нема бариера што ќе го спречи да дојде тука. Им благодарам на сите што помогнаа, што асистираа тој да биде тука со нас. Сите знаеме од какво знаечње е неговото присуство во националната селекција, – изјави Ангеловски на брифингот на тренинг центарот, а претходно порача.

– Ме радува тоа што сите што се повикани се здрави и подготвени за големиот предизвик. За жал, Елмас нема да биде со нас, но тие што се тука, ќе го надополнат неговото отсуство. Секогаш велев дека тимот треба да го надокнади секое отсуство, па сега треба да имаме мотив плус и да победиме за него на овој натпревар, да направиме да биде со нас во финалето во баражот, – нагласи селекторот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни