Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски откри како завршила неговата трансфер приказна со Фенербахче и додаде: Македонија има еден проблем

Објавено

на

Игор Ангеловски одработил ексклузивно интервју со турскиот новинар Енес Јалниз и истото го пренесоа сите тамошни медиуми, разговор при кој поранешниот македонски репрезентативец открива дека бил во потесен круг за избор на тренер во фудбалскиот великан Фенербахче.

Популарниот Мрме обелоденува дека бил во најтесниот избор меѓу двајца тренери изминатово лето додека Македонија беше дел од Европското првенство, но на крајот претседателот Али Коч се одлучил за Витор Переира.

– Кога добив понуда од Фенербахче, одлуката на претседателот беше во корист на Витор Переира и така заврши оваа трансфер приказна за мене. Среќен сум што сум еден голем клуб како Фенербахче ме имаше како кандидат за тренер.  Важно е да се биде кандидат за тренер на добро познат клуб, бидејќи тоа значи дека си го докажал својот квалитет, – вели Ангеловски.

Во интервјуто, екс селекторот говори и за шансите кои ќе ги имаат Македонија и Турција на баражот за Светското првенство, во кој двете селекции влегуваат како неносители.

– Секоја репрезентација има шанса во баражот бидејќи се игра еден натпревар. Турција и Македонија не се носители и првиот натпревар ќе го играат на гостински терен, што секако е проблем и прави работите да бидат тешки за двете селекции. Особено ќе биде тешко да се борат против фаворити како Италија и Португалија, – потенцира Ангеловски во пресрет на петочната ждрепка за баражот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни