Ангеловски остана без зборови за Елмас и нагласи: После ваков меч може да се каже само едно нешто

angelovski-1

Игор Ангеловски не го криеше воодушевувањето од играта која ја прикажаа неговите момци на натпреварот против Словенија вечерва во Скопје, пресметка на која Словенците дојдоа со големи амбиции, но си заминуваат комплетно надиграни и со два гола во нивната мрежа.

Македонија во секоја смисла на зборот ја заслужи победата и сериозно остана во игра за пласман на Европското првенство преку квалификациите, па по освоените големи три бода на Националната арена „Тодоро Проески“, нашите избраници со голема доза на самодоверба сега ќе отпатуваа во Полска на мегдан против првопласираната селекција во групата.

– После ваков натпревар и виденото на теренот, може само да се каже – браво момци. Вечерва ме направија горд и сите треба да се задоволни. Знаете какви проблеми имавме пред мечот со неколку повреди, некои играчи долго немаа натпревари, но сите заедно се жртвуваа. Докажаа дека ја сакаат репрезентацијата, во победата остануваме заедно, исто како што тоа го правевме и по поразите. Елмас? Немам што да кажам. Немам зборови за Елмас, се што имаше да кажа, го кажа на теренот, – започна Ангеловски и додаде.

– Шансите сега ни се поголеми за нашата цел. Сега сме концентрирани само на Полска, кога игравме во Скопје, покажавме дека можеме да се носиме со нив. Ќе одиме да играме фудбал и да освоиме бод, а ако ни се укаже шанса, да освоиме и цел плен, – нагласи селекторот.

Facebook Коментари