Поврзете се со нас

Македонија

Ангеловски не е во плановите на Лудогорец

Објавено

на

Доскорешниот македонски селектор Игор Ангеловски нема да го преземе бугарскиот тим Лудогорец, – тврди весникот „Мач телеграф“.

Бугарскиот медиум потврдил дека Ангеловски бил понуден како опција за тренерската позиција во еминентниот клуб, но во Лудогорец засега не се заинтересирани за оваа соработка.

Лудогорец веќе со години е најдобар клуб во Бугарија, клуб кој е стабилен, тим кој редовно игра и во европските купови.

Во моментов бугарскиот тим го води Станислав Генчев кој дојде на местото на Валдас Дамбраускас, но екипата игра сосема различно во домашниот шампионат и во Лигата на Европа и поради тоа постои одредено незадоволство кај управата.

Барем засега Генчев има поддршка од раководството, па Ангеловски и натаму останува без ангажман откако го заврши селекторскиот мандат во македонската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни