Поврзете се со нас

Лига на нации

Ангеловски: Нашата главна цел ја остваривме, сега сакаме победа и првото место

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација пеколниот период, пеколната седмица ќе ја заврши со пресметка со Грузија која е закажана за утре од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“.

Ова е дуел на две непоразени селекции во нашата група, тимови кои пред нешто повеќе од еден месец одиграа без победник 1-1 во Тбилиси. Сега престои нови битка, има повредени, отсустни како во нашиот така и во таборот на Грузијците, па очекувањата се дека ќе биде тврд, неизвесен меч до самиот крај.

Предводникот на нашиот национален тим, Игор Ангеловски вети дека фудбалерите ќе го дадат максимумот и ќе се обидат со победа на останат на првото место во групата.

-Атмосферата во екипата е одлична без разлика што не го остваривме планираното во Естонија. Не треба да заборавиме дека нашата главна цел ја остваривме, Македонија е на чекор на ЕП. Утре имаме меч со противник со кого ќе се сретнеме во финалето, без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот.

-Прв пат играме три натпревари во три дена, првиот натпревар беше многу важен од секаков аспект. Ако Италија, Шпанија ротираат, што останува за селекции како што сме ние. Мојот колега од Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, меѓутоа останува на нас селекторите да го искористиме тоа што го имаме. Не верувам дека и тие не сакаат да бидат на првото место во групата. Не очекувам противникот да калкулира со составот, -порача Ангеловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни