Ангеловски: Кога се работи за репрезентативниот дрес, мора секој мотив да има

mrme-press-avstrija

Македонската репрезентација денеска ги започнува подготовките за последните два квалификациски натпревари против Австрија и Израел од циклусот за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Првата средба ни е против Австријците на 16 ноември, средба за која селекторот Игор Ангеловски се соочува со доста проблеми затоа што имаме неколку суспендирани играчи, но и неколку повредени  и мораше дополнително да го повика Тихомир Костадинов од словачки Ружомберог.

Ама без разлика на сите проблеми Ангеловски верува во играчите кои ќе му бидат на располагање, односно дека ќе го дадат максимумот.

-Не смее да има прашање дали има мотив. Кога се работи за репрезентација, секој што игра во тој дрес, мотив мора да има. Трети сме, и сакаме да останеме таму. Целта е да освоиме што повеќе бодови и да пробаме што повеќе тактички комбинации за она што претстои во март, -истакна популарниот Мрме.

Facebook Коментари