Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски ќе мора да го крпи составот за дуелот со Естонија, без петмина стандардни репрезентативци во Талин

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски се соочува со големи проблеми со составувањето на списокот во пресрет на натпреварот во Талин против Естонија.

Мрме нема да може да смета на отсутниот поради картони, Висар Муслиу, а на списокот на повредени репрезентативци се најдоа уште четворица играчи.

Аријан Адеми кој се жалеше на повреда и во текот на средбата со Косово, Егзон Бејтулаи кој заработи повреда и принудно беше заменет на истиот натпревар и Кристијан ТОшевски нема да патуваат во Естонија.

Неизвесен е настапот и на заменик капитенот, Стефан Ристовски кој исто така се жали на повреда, но за разлика од останатите ќе патува во Талин.

Се очекува Ангеловски да го одмори и капитенот Горан Пандев кој одигра исцрпни 80 минути против Косово, па добредојдена ќе му биде пауза на овој натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни