Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски издвои двајца играчи на ПСЖ и порача: Наша обврска е…

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер утре ќе ја започне новата сезона во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен против Пари Сен Жермен.

„Светците“ долго време се една од најквалитетните екипи на стариот континент, состав кој има највисоки амбиции, состав предводен од Раул Гонзалес, тим кој дефинитивно ќе ја има улогата на фаворит против „зелено-белите“ од Битола.

Сепак тој статус ќе мора да се потврди, одработи на теренот каде тренерот на Пелистер, Бранко Ангеловски очекува неговите момци жестоко да се борат за секоја топка, да го дадат максимумот.

-Гостуваме кај еден од најсериозните кандидати за место на завршниот турнир во ЛШ и воедно фаворит за освојување на едно од првите две места во нашата група. Се работи за екипа која е добро составена и селектирана од еден од најдобрите тренери во светот, Раул Гонзалез.

-Структурата на играчите остана иста, разликата ја прави Лук Стеинс со играта во транзиција и нападот пред Шипжак кој е еден од најдобрите пивоти. Наша одврска и задача е да се претставиме во најдобро светло колку е тоа можно во овој момент. Само така треба да ја гледаме нашата иднина во ЛШ. Мотивацијата ќе биде на наша страна, желни сме за докажување и сметам дека тоа ќе го покажеме, -истакна тренерот Ангеловски.

Средбата е закажана за вечерниот термин од 20:45 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни