Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски го објави списокот за историскиот меч со Косово: Пандев е во тимот, пронајде замена и за Елмас (Фото)

Објавено

на

Неполн час откао беше објавено дека Елиф Елмас има позитивен тест на коронавирус, селекторот Игор Ангеловски ја објави листата на повикани фудбалери за историскиот меч со Косово кој за пет дена се игра во Скопје.

Загубата на фантатичниот Елмас од Наполи секако е голем удар за нашата најсилна селекција, но од објавената листа, позитивна вест е тоа што го има Горан Пандев кој најверојатно ќе добие дозвола да допатува во нашата земја.

Капитенот се најде на листата на 23 фудбалери кои ги селектираше Ангеловски, во која го има и Столе Димитриевски кој ги надмина проблемите со коронавирусот, а во која повратник е и Ферхан Хасани од Хелсинки.

Популарниот „Буба“ извесно време не беше дел од националниот состав, а неговото враќање по се изгледа се должи на непосакуваното отсуство на Елмас кој ќе мора да мине карантинска фаза во Неапол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни