Ангеловски го објави списокот на повикани играчи за Израел и Австрија: Ѓорѓев се враќа, повик и за Аврамовски

mrme-zname

Селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на повикани играчи во пресрет на последните два квалификациски натпревари за Европското првенство против Израел и Австрија.

Ангеловски има проблеми со повредени играчи, па токму затоа мораше да го „крпи“ составот од кој ќе отсуствуваат неколку стандардни репрезентативци.

Го нема Арјан Адеми кој го одигра целиот натпревар против Шахтјор во Лигата на шампионите, а ќе отсуствуваати играчи од одбраната.

Повратник во репрезентативниот дрес е Никола Ѓорѓев кој игра одлично во Грасхоперс, а за прв пат тука е и Даниел Аврамовски, во моментов најдобриот фудбалер во македонскиот шампионат.

Собирот на репрезентативците е на 11 ноември, а првиот натпревар го играме на 16. ноември против Австрија во Виена, додека три дена подоцна на домашен терен ќе го пречекаме тимот на Израел.Sostav-MKD

Facebook Коментари